20 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАГрција ја привршува трансакцијата за поранешниот аеродром Hellenikon

Грција ја привршува трансакцијата за поранешниот аеродром Hellenikon

Грција ќе ja заврши трансакцијата за теренот на поранешниот меѓународен аеродром „Hellenikon“ крај Атина до декември. Тоа го објави директорот на државната приватизациска агенција Лила Цицогианопулу, цитирана од светските агенции.

Грција се договори во 2014-та година со конзорциум, предводен од грчкиот конгломерат „Lamda“ и со учеството на инвеститори од Абу Даби и Кина, вклучувајќи го и кинескиот гигант „Fosun“ за теренот.

Плановите се таму да се реализира еден од најголемите градежни проекти во Европа – станови, канцеларии, инфраструктура и хотели.

Конзорциумот ќе плати 915 милиони евра за теренот, кој е три пати поголем од површината на Монако.

Очекувањата на Грција се градежните активности да започнат кон крајот на оваа година, по постојаните одложувања на приватизацијата поради тешката бирократија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП