13 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСе ќе се промени: Зборуваат, но тоа е невозможно

Се ќе се промени: Зборуваат, но тоа е невозможно

Главниот преговарач на Европската унија за Брегзит, Мишел Барни, изјави дека е невозможна непрекината трговија со ЕУ после излезот на Британија од тој блок.

За тоа, како што потсети, се залагаат одделни британски министри и компании.

„Слушнав како одделни лица во Велика Британија тврдат дека е можно да го напуштат трговскиот пазар и да ги здржат сите негови бенефити, но тоа е едноставно невозможно. Исто така слушнав дека некои тврдат дека е можно да го пуштат единствениот пазар и да воспостават царинска унија со цел да се реализира непречена трговија, но ни тоа не е можно“, изјави Барни на еден деловен состанок на форумот на ЕУ во Брисел, а пренесува агенцијата Ројтерс.

Барни додаде дека за официјален Лондон „точката од која нема враќање“ во поглед на идните трговски односи всушност претставува дефицинитивното напуштање на единствениот пазар и царинската унија, додека единствено членството би овозможило непрекинат трговски договор.

„Сакаме да бидеме подготвени на сите можности, дури и на можноста да не постои договорот кој повторно го споменаа некои британски министри“, изјави Барни, пренесува британскиот Телеграф.

Непостигнувањето на договорот за Брегзит со ЕУ, како што оцени, би било исклучително штетно, а особено за Британија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП