6 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАБиткоинот може да достигне цена од 5.000 долари

Биткоинот може да достигне цена од 5.000 долари

Берзанскиот аналитичар Рони Моас наведува дека во текот на оваа недела купил биткоини, сметајќи дека нивната цена ќе скокне двојно во оваа година, достигнувајќи ниво од 5.000 долари.

„5.000 долари може да бидат постигнати за неколку месеци“, вели аналитичарот пред „CNBC“.

Моас нагласува дека присуството на максималната бројка на биткоини до 21 милион, како и зголемената побарувачка на криптовалутата, ќе донесат природен раст во нејзината цена.

Биткоинот успеа да ја крене трипати цената во оваа година, достигнувајќи до рекордна вредност од 3.041.36 долари, според податоците на „CoinDesk“.

Во моментот на објавување на материјалот виртуелната валута се тргува по цена од 2.617.68 долари, што е повеќе од двојно повисока цена во однос на крајот на минатата година. За споредба, тогаш биткоинот се проценуваше на 968 долари.

„Ова не е нешто од кое можам да ги држам рацете настрана“, вели Моас. Според него, тој инвестираше неколку стотици долари во секоја од критовалутите биткоин, етер и лајткоин преку платформата „Coinbase.com“.

Откако пушти анализа на тема криптовалути со обем 40 страници во следните недели, Моас размислува да инвестира уште средства во наведените виртуелни валути.

Од гледна точка на берзанскиот аналитичар се совпаѓа со оптимизмот, демонстриран од други играчи на „Wall Street“.

Техничкиот аналитичар на „Goldman Sachs“ Шеба Џафари исто така смета дека биткоинот ќе поскапе, според забелешка наменета за клиент на институцијата. Според Џафари тој може да достигне цена од 3.915 долари.

„Во следните 6 до 12 месеци ќе има некаква блага форма на хистерија“, вели Моас кој сепак забележува дека за да се стигне до територијата на „балон“, ќе помине уште многу време.

Според зборовите на експертот, многу мал дел од светскиот капитал е вложен во криптовалути, што значи дека во иднина помалите виртуелни валути ќе можат да стекнат вредност без да стануваат преценети.

„McKinsey Global Institute“ проценува дека цената на акциите и долгот во светот се зголемил до 212 илјади милијарди долари кон крајот на 2010-та година.

Од друга страна, податоците на „CoinMarketCap“ покажуваат дека пазарната капитализација на сите криптовалути се зголемила од под 20 милијарди долари во почетокот на годината до околу 100 милијарди долари. Сепак, оваа вредност е помалку од една десетина од проценти, како дел од глобалните пазари на капитал.

Пазарната капитализација на биткоинот во моментот на објавување на материјалот изнесува 41.01 милијарди долари.

Многу експерти, вклучувајќи и некои од „Wall Street“, веруваат дека технологијата зад биткоинот – „блокчејн“, може да биде база за фундаментална промена на светските процеси – слично на начинот на кој интернетот го промени светот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП