19 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСАД со најдобар извоз од 2015, пад и на трговскиот дефицит

САД со најдобар извоз од 2015, пад и на трговскиот дефицит

Трговскиот дефицит на САД во мај е намален, бидејќи извозот на американските компании порасна по најголемата стапка од април 2015 година.

Дефицитот на САД во трговијата со стоки и услуги во мај, според десезонираните податоци, опадна за 2,3 проценти на 46,5 милијарди долари од 47,6 милијарди долари од април.

Извозот порасна за 0,4 проценти на 192 милијарди доалри, најмногу од април 2015 година, благодарение на растечката испорака на автомобили и потрошувачката стока.

Увозот, истовремено, е намален за 0,1 проценти на 238,5 милијарди долари.

Дефицитот во стокова размена со Кина, според десезонираните податоци, опадна за 6,2 проценти на 30,1 милијард долари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП