21 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИБанкарите не го спасија Агрокор, се спасија самите себе

Банкарите не го спасија Агрокор, се спасија самите себе

Аранжманот со кредиторите гарантира дека за секое одобрено евро нов долг, ќе биде вратено уште едно евро од стариот заем.

Медиумите објавија вест дека дваесетина банки го спасиле Агрокор, бидејки наскор на сметката на овој концерн ќе биде исплатен кредит од 480 милиони евра.

Банкарите, всушност со овој гест ги спасуваа своите побарувања, бидејки аранжманот на кредиторите гарантира дека за едно одобрено евро нов долг ќе биде вратени уште едно евро од стариот заем.

Во новиот кредит за Агрокор учествуваат вкупно 20 хрватски, руски, американски и европски банки.

По четвртата одржана седница, од Агрокор потврдија дека на нивната сметка ќе легнат 480 милиони евра.

Од банките кои работат во Хрватска, Агрокор ќе го финансираат “Загребачка банка”, “Ерсте” и “Рајфајзен”. За исплата на добавувачите осигурани се 150 милиони евра.

Од руската ВТБ банка потврдиле дека ќе учествуваат во кредитот, додека најголемата руска банка “Сбербанк” сеуште размислуваат за тоа.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП