26 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЗапочнува постапката за ребаланс на буџетот

Започнува постапката за ребаланс на буџетот

Министерот за финансии Драган Тевдовски пред владиниот кабинет утрово ќе реферира за предлог-ребалансот на буџетот.

Стапка на раст од 3 проценти ќе претрпи мали корекции. Ќе се кратат непродуктивните трошоци, како и по парите за рекламни кампањи. Проектите кои веќе се почнати и се во фаза на реализација – сепак ќе останат.

Претходната влада го донесе најгломазниот буџет за 2017 година од 3,3 милијарди евра, во кој е испланирано ново задолжување преку издавање еврообврзница. Ребалансот на буџетот ќе биде правата точка на владината седница, по што ќе се испрати во Собранието.

Се очекува пред 2 август ребалансот да биде донесен.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП