23 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАВидео: Како работат и функционираат програмите за намалување на штети од...

Видео: Како работат и функционираат програмите за намалување на штети од употребата на дроги

Суштински дел од програмите за намалување на штетите од употреба на дроги се самите центри што активно функционираат во Скопје и други 13 градови низ државата.

Овие центри, преку работата на активистите ги спроведуваат програмите што придонесоа за сведување на минимум на негативните ефекти произлезени од употребата на дроги. Нивната работа најдобро ја претставува краткото видео каде се опфатени сите проблеми кои може да настанат доколку корисницитена дроги бидат препуштени на самите себе, и спротивно на тоа, бенефитите од работата на центрите. Видеото, достапно на линкот ги објаснува програмите кои доведоа  до спасување на многу животи.

Со секојдневна комуникација, следење и советување на корисниците на дроги во последниве десет години во Македонија се евидентирани само два нови случаи на ХИВ како резултат на инјектирање дроги, а помалку од 5% од вкупно 315 регистрирани случаи со ХИВ биле луѓе кои инјектираат дроги. Овие бројки се далеку помали за разлика од состојбите во другите земји, соседи на Македонија. Македонија е со најниска стапка на ХИВ во регионот на Југоисточна Европа.

Со цел продолжување на финансирањето и работата на овие програми, здружението ХОПС заедно со Платформата за одржливост на програмите за превенција и поддршка на ХИВ во која членуваат 16 здруженија на граѓани, започна кампања наречена „Со клучни одлуки до здрава заедница“. Целта на кампањата е подигнување на свеста и активација на институциите за одржливост на програмите. Како дел од активностите на кампањата е и петицијата за финансирање на програмите за намалување на штетите од буџетот на Република Македонија, со чие потпишување граѓаните можат да ја дадат својата поддршка. Петицијата е достапна за онлајн потпишување на линкот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП