19 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАОпаднаа цените на нафтата

Опаднаа цените на нафтата

Цените на нафтата паднаа во среда на меѓународните пазари, притиснати од силниот долар кој ја запре побарувачката и проценките за поголем извоз на Организацијата на земји извознички на нафта (ОПЕК).

На лондонскиот пазар цената падна 57 центи во однос на претходното затворање и изнесуваше 49,04 американски долари(УСД).

На американскиот пазар барелот се тргуваше за 63 центи пониска цена, од 46,44 УСД.

Одвоено, ОПЕК објави дека цената на барелот на референтната кошничка на неговата нафта во вторник изнесувала 47,57 УСД, што значи дека пораснала за 40 центи во однос на претходниот работен ден.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП