1 јуни, 2025
ПочетнаЕКОНОМИЈАВести од светот

Вести од светот

najnovi-vesti1

Токио – Загубите на јапонската електронска корпорација Панасоник во фискалната година завршена на 31 март, достигнаа 754,25 милијарди јени (7,44 милијарди долари). Панасоник втора фискална година по ред заврши во големи загуби, соопшти компанијата. На резултатите негативно влијаеше жестоката конкуренција и падот на побарувачката на многу производи, меѓу кои и телевизиски панели, мобилни телефони, соларни и литум-јонски батерии и акумулатори.

Будимпешта – Трговскиот суфицит на Унгарија порасна во март на 753,4 од 672,6 милиони евра од февруари и 316,2 милиона од јануари, покажаа прелиминарните податоци на унгарскиот Завод за статистика. Заводот додава дека во март 2012 година трговскиот суфицит, клучен показател на растот на стопанството, изнесувал 164 милиони евра. Извозот е намален за 2,8 отсто на 6,9 милијарди евра на годишно ниво, додека увозот паднал за 5,6 отсто на 6,1 милијарда евра.

Њу Делхи – Продажбата на автомобили во Индија минатиот месец падна за 10 отсто, а причините се сведуваат на високите трошоци за одржување на возилата, скапото гориво и ефектите од економската криза, покажуваат податоците од Индиското здружение на производители на автомобили СИАМ. Априлскиот пад на продажбата е шести месечен пад по ред и тоа е најдолг период на негативни резултати во последните шест години, откако СИАМ води евиденција за продажба на возилата. Продажбата на патничките автомобили од домашно производство, еден од показателите на вкупното здравје на економијата, е намалена минатиот месец за 10,43 отсто на 150,789 од 168.354 возила во април 2012 година. Падот на побарувачката ги принуди производителите да усвојат пристап купи сега, плати подоцна, како и да понудат бескаматно купување и двоцифрени попусти.

Белгија – Водечката светска компанија за челик и рударство Арселор Митал во првото тромесечје оваа година оствари раст на профитот од 2,3 отсто во однос на претходниот квартал. Профитот на компанијата во првото тромесечје достигна вредност од 19,7 милијарди долари, додека во претходниот квартал тој изнесувал 19,3 милијарди долари.

Берлин – Трговскиот суфицит на Германија е зголемен во март трет месец по ред на 18,8 од 16,8 милијарди евра од февруари, покажуваат податоците на германскиот Завод за статистика. Меѓутоа, ако се земат предвид сезонските факори, трговскиот суфицит е нешто намален во март, на 17,6 од 17,7 милијарди евра од претходниот месец. Податоците покажуваат дека на германскиот извоз влијаат ефектите од долготрајната должничка криза во еврозоната. Според неприлагодени податоци, падот на извозот, најголем покренувач на германското стопанство, забрза во март на 4,2 отсто на годишно ниво, во однос на 2,8 отсто од претходниот месец. Меѓутоа, увозот е намален уште повеќе за 6,9 отсто на годишно ниво.

Брисел – Штедните влогови на Белгијанците се зголемија во март и достигнаа вредност од 242,3 милијарди евра, соопшти Националната банка на Белгија. Висината на штедните влогови во март е зголемена за две милијарди евра во однос на претходниот месец, а за околу 20 милијарди во однос на претходната година. Белгијанците важат за најдобри штедачи во ЕУ, бидејќи како што пренесува белгискиот весник Суар, едно белгиско семејство во просек има заштедено 67.158 евра. Зад Белгија е Холандија каде домаќинствата имаат заштедени во просек 61.219 евра, а потоа Луксембург со 60.366.

Париз, Лондон – Британската мултинационална телекомуникациска компанија БТ во четвртиот квартал од фискалната 2012-2013 година завршена на 31 март, оствари оперативен профит од 6,2 милијарди фунти (7,3 милијарди евра), што е зголемување од два отсто на годишно ниво. Постигнатиот резултат ги надмина очекувањата на аналитичарите кои предвидуваа 6,1 милијарда фунти. Растот на оперативниот профит пред се е остварен благодарение на намалените трошоци, иако приходите од продажбата во истиот период паднаа за пет отсто. За следната фискална година, британскиот оператор предвидеа оперативен профит во вредност од 6,2 до 6,3 милијарди фунти.

Истанбул – Директорот на секторот Уникредит група за стратешко планирање Аурело Макарио изјави за Танјуг, во паузата на прелиминарното заседание на Годишното собрание на Европската банка за обнова и развој ЕБРД во Истанбул, дека е оптимист во поглед на иднината на заедничката валута на ЕУ, еврото. – Што се однесува до перспективите на еврото, пред се сакам да потенцирам дека сега сум поголем оптимист во врска со иднината на заедничката европска валута, отколку што бев пред една година – рече Макарио. Според него – повеќе не се работи за тоа дали еврото треба да се прифати или да се откажеме од него, туку за тоа дека еврото треба да функцинира, а на тоа заеднички работат Европската централна банка и земјите членки на еврозоната, пред се Германија.

Париз, Будимпешта – Рајфајзен банката во Унгарија ја ревидираше својата прогноза за стопанскиот раст во земјата и во годишниот извештај истакна дека унгарското стопанство е подготвено да зајакнува. По првичните очекувања на пад на стопанството за 0,4 отсто во 2013 година, банката објави дека сепак предвидува стагнација. Земјоделскиот сектор може да го зголеми БДП за 0,5 провентни поени, а се очекува и зајакнување на електронската индустрија, по повеќегодишната рецесија.

Вашингтон – Гувернерот на американската Управа за федерални резерви (Фед) Бен Бернанки, изјави дека таа институција го прошири обемот на контролата над банките и дека сега контролира широк спектар на финансиски институции кои би можеле да предизвикаат нова финансиска криза. Бернанки рече дека Фед и понатаму ги контролира банките и други системски важни финансиски институции, но дека под негова контрола сега ќе се наоѓа и т.н. банкарски систем во сенка. Под тоа се подразбираат кредити кои се претворени во обврзници и како такви продадени на инвеститори, што предизвика слом на кредитирањето во областа на хипотекарните кредити, предизвикувајќи криза во 2008 година.

Милано – Нето профитот на водечката италијанска банка Уникредит, падна во првото тромесечје во однос на истиот период лани за 50,9 отсто, на 449 милиони евра. Аналитичарите за тој квартал очекуваа профит од 128 милиони евра, а таквиот резултат претставува подобрување во однос на последниот квартал лани, кога Уникредит претрпе загуба од 553 милиони евра. – За задоволителните резултати придонесе зголемувањето на приходите, нормализирањето на провизиите за загуба на кредитите и продолжување на примена на стратешкиот акционен план – изјави извршниот директор на банката Федерико Гицони.

Токио – Јапонскиот електронски гигант Хитачи објави дека во фискалната година завршена на 31 март 2013 година, го зголеми оперативниот профит за 2,4 отсто, а за фискалната година која е во тек се предвидува раст од дури 18,5 отсто, благодарение на депресијацијата на јенот и подобрите услови за работа во Јапонија и на некои странски пазари. Профитот за фискалната 2012-2013 година достигна вредност од 422,03 милијарди јени (3,2 милијарди евра), а компанијата очекува до 500 милијарди јени во фискалната година која почна на 1 април, додека аналитичарите предвидуваа 524,8 милијарди јени.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП