17 мај, 2024
ПочетнаКАРИЕРАКако да ја изберете вашата идеална кариера

Како да ја изберете вашата идеална кариера

Размислувате за промени и изградба на нова кариера или сте едноставно изгубени во потрагата по нова работа – размислете за тоа што е вашата вистинска страст и што би ве поттикнало да ја подобрите кариерата.

Психолозите составија сет прашања кои ќе ви помогнат да се освестите и да ја дознаете вашата професија од соништата.

Доколку забележите дека во вашите одговори одредени подрачја и теми се повторуваат, тоа е она кон кое треба да целите. Ова се прашањата кои ќе ви помогнат да се пронајдете:

1. За кои теми најмногу сакате да читате?

2. Во кои телевизиски или радиски емисии најчесто уживате?

3. Кој филмски жанр го преферирате?

4. Кое е вашето хоби и на кој начин сакате да го поминете слободното време?

5. За кои теми најмногу зборувате со пријателите?

6. Која работа досега ви била најинтересна?

7. Кои беа вашите омилени школски предмети?

8. Кога би можеле, што би промениле во начинот на кој светот во 21. век функционира?

9. Што би направиле за да освоите еден милион евра?

10. Што најмногу цените кај другите луѓе?

11. По што би сакале луѓето да ве паметат по смртта?

12. Како би го опишале вашето политичко определување?

13. На кого најмногу му се восхитувате во животот и зошто?

14. Кои вештини досега ви донеле најмногу корист во животот?

15. Кои вештини би можеле да ги совладате со цел да ја подобрите кариерата?

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП