24 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАBloomberg: Германија е зависник oд рускиот природен гас

Bloomberg: Германија е зависник oд рускиот природен гас

Германија е зависник од рускиот природен гас, пишува во коментар „Bloomberg“. Агенцијата наведува дека проектот за проширувањето на „Северен поток“ кој го дополнува планот на владејачките за беспрекорното затворање на електричните (јаглен) и нуклеарните централи. Централите на јаглен обезбедуваат околу 40% од електричната енергија во земјата.

Во раководната програма претставена само пред неколку дена, партијата на Ангела Меркел предвидува во среднорочен до долгорочен план да ги затвори сите централи на јаглен во земјата. По инцидентот во Фукушима, Германија ги затвора и нуклеарните централи, затоа и земјата ќе има потреба од нов извор на енергија.

Со новиот гасовод Германија не само што ќе ги задоволува растечките потреби од енергија, но и ќе се претвори во еден од најважните гасни хабови во Европа.

„Северен поток 2“ ќе биде реализиран од „Газпром“ и уште неколку западни партнери на компанијата. Неговата вредност ќе биде малку под 10 милијарди евра, а трасата на цевките го повторува постоечкиот „Северен поток“ по дното на Балтичкото Море.

Со уште две цевки капацитетот на целиот проект ќе биде дуплиран. Во моментов цевките можат да транспортираат до 55 милијарди кубни метри гас годишно, што е двојно од потрошувачката на Германија.

Цената на гасот, кој ќе го добие Германија од „Северен поток“, е за 40% пониска во однос на оној која доаѓа во земјата од Украина, покажуваат податоците на консултантската компанија „Wood Mackenzie“ во Лондон. Од пониската цена која би ја предложила „Газпром“ за новиот гасовод ќе можат да искористат уште Британија, Франција и Белгија.

Идејата за проширување на „Северен тек“ сепак има силен отпор од земји од Источна Европа, според кои уште две цевки само ќе ја зајакнат зависноста на Европската унија од рускиот природен гас.

Плановите имаат својата опозиција и во Германија, посочува уште „Bloomberg“. Во регионот, во кој треба да излезат новите две гасни цевки, се поднесени околу 160 приговори против проектот.

Новиот гасовод има потреба од одобрение и од локалните власти, како и да бидат отстранети два шведски бродови, потопени во 18-ти век.

Германија ќе започне постапката за одобрување на новиот проект за гас на 17-ти јули.

Во моментов земјата е најголемиот потрошувач на природен гас во Европа. Околу 40% од домашната потрошувачка се задоволува со увоз од Русија, дополнуваат од „Wood Mackenzie“. Оваа зависност само ќе расте и до 2025-та година ќе достигне до 50%, прогнозираат уште аналитичарите.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП