24 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЗабрзан раст на индустриското производство во Кина

Забрзан раст на индустриското производство во Кина

chinaworkers1

Кинеското индустриско производство во април се зголеми за 9,3 проценти, објави Државниот завод за статистика, чии податоци покажуваат дека растот е забрзан во однос на претходниот месец.

Во март, производството порасна за 8,9 проценти.

Прометот во малопродажбата во април е зголемен за 12,8 проценти во однос на истиот месец минатата година.

Бројките сигнализираат дека закрепнувањето на втората по големина економија во светот, сеуште не е стабилна, наведуваат аналитичарите.

Минатата година кинеската економија забележа најслаб раст во последните 13 години, тој изнесуваше 7,8 проценти.

Во последните три месеци од минатата година растот се искачи на 7,9 проценти, зголемувајќи ги надежите за обновување, но во првите три месеци од оваа година тој повторно забави на 7,7 проценти.

Службениот индекс на менаџерите за набавка изнесува 50,6 поени, а индексот на потрошувачите цени кој е главен индикатор за инфлација, во април се зголеми за 2,4 проценти во однос на истиот период од минатата година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП