25 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАТри четвртини од студентите на Островот никогаш не ги исплаќаат студентските кредити

Три четвртини од студентите на Островот никогаш не ги исплаќаат студентските кредити

Голем дел од дипломираните студенти во Велика Британија успеваат да ги исплатат своите студентски долгови во просек дури кога ќе наполнат 50 години. Три четвртини од нив сепак никогаш не ги исплаќаат целосно своите обврски, пишува „Bloomberg“, повикувајќи се на студија на Институтот за фискални студии.

За додипломски студии на Островот на крајот студентите должат во просек по 51.000  фунти (66 илјади долари) поради високите такси и најскапата алиментација во земјата.

Студенти од семејствата со најниски приходи завршуваат со највисоки нивоа на долг достигнувајќи и 57.000 фунти. Обврските на една третина од најсиромашните студентите се зголемуваат за околу 30% од 2012-та година, а за една третина од најбогатите долговите се зголемуваат со помалку од 10%.

Според извештајот Велика Британија е на прво место по студентски долгови во развиениот свет.

Истражувањето покажува дека обуката во поевтините специјалности, како уметност и хуманитарни науки, поскапува многу повеќе (47%) во споредба со многу поскапи специјалности, како инженерските науки, при што растот во трошоците достигнуваат 6% во периодот меѓу 2011-та и 2017-та година.

На почетокот на годината стана јасно дека до 2020-та година е безбедно финансирањето на европските студенти во Велика Британија, независно од референдумот за заминувањето од Европската унија.

Според информациите бруцошите, кои ќе почнат да учат во Велика Британија во септември-октомври 2017-та година, може да се сигурни дека во текот на целиот период на студирањето ќе можат да се потпрат на британските заеми и на шкотските субвенции за покривање на студирањето.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП