18 мај, 2024
ПочетнаКАРИЕРАКои нешта ги открива вашето CV за вас

Кои нешта ги открива вашето CV за вас

Не е тајна дека вашето CV игра важна улога во тоа дали ќе бидете повикани на разговор или не, поради тоа е важно да знаете што открива вашето CV за вас.

Во него е наведено вашето образование, вашето искуство, вашите вештини, но меѓу редови можат да се прочитаат и повеќе детали.

Колку сте заинтересирани за работата

Ова е најважната работа која вашето CV ја кажува за вас. Дали го испраќате истото CV на секоја работа за која се пријавувате? Како што молбата треба да биде прилагодена за некоја одредена работа, така и вашето CV треба да биде прилагодено.

Колку знаете за работата

Не пишувајте непотребни работи кои не се поврзуваат со работата за која се пријавувате. Но, доколку сте работеле нешто со кое многу се гордеете и тоа влијаело на вашиот напредок, иако нема поврзаност, наведете го.

Дали знаете што е важно, а што не

За повеќето работни места на кои се пријавувате вашето хоби не е важно, затоа не го наведувајте ако тоа не ја поттикнува вашата способност за конкретното работно место. Без оглед колку сте горди поради некои ваши определувања или дела, не ги наведувајте доколку не се поврзани со работата.

Колку сте писмени и комуникативни

Вашето CV ќе открие колку сте вие писмени, а речениците кои ќе ги употребите ќе откријат колку сте способни да комуницирате и правилно да се изразувате. Добро би било пред да го испратите да дозволите некоја ваша блиска личност да го прочита и да се обиде да најде некои потенцијални грешки кои можеби сте ги напишале.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП