17 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПариз ги затегнува правилата за краткорочните наеми

Париз ги затегнува правилата за краткорочните наеми

Се повеќе градови ги затегнуваат мерките за контрола на краткорочните наеми преку интернет платформи како „Airbnb“ и „HomeAway“.

Локалната администрација во Париз подготвува нови правила, според кои сопствениците кои го оддаваат домот или делови од живеалиштата на туристи, прво ќе треба да се регистрираат во општината, пренесува „Ројтерс“.

Новото законодавство претстои да се гласа во општинскиот совет во Париз и ако биде прифатено, се планира да стапи во сила од декември.

Париз веќе воведе лимит од максимум 120 дена во кои сопствениците на имот можат да ги изнајмуваат краткорочно на туристи. Новата мерка цели да се воведе построга контрола дали сопствениците го почитуваат ограничувањето.

Одделно така ќе се контролираат и невистинските станари кои без знаење на сопствениците ги даваат имотите или делови од нив на туристи во платформите за краткорочни наеми.

Според новите закони за интернет во Франција владата е должна да направи и да чува регистар на краткорочните наеми во градовите со над 200.000 жители.

Со 350.000 огласи Франција е втор најголем пазар на „Airbnb“ по САД, наведува новинската агенција. Париз, пак е најпосетениот град во светот, со 65.000 огласи е најголемиот градски пазар за платформата.

Хотелиерите во Париз ја поздравија мерката, како и бранителите на пазарот на пристапни домови. Според различни проценки главниот град на Франција изгуби барем 20.000 домови во централните и западните населби оддадена на долгорочно изнајмување кои се пренасочени кон пазарот на краткорочни наеми поради повисокиот доход.

Во меѓувреме стана јасно дека и Ванкувер ќе воведе некои ограничувања за платформи за краткорочни наеми. „Домовите се наменети за живеење, а не за бизнис“, коментира градоначалникот на градот Грегор Робертсон.

Според новите правила жителите на градот ќе бидат ограничени во бројот имот кои се оддаваат краткорочно на туристи, и ќе се бара да имаат посебна лиценца за тоа. Ќе се воведе и данок од 3% на активностите.

Изнајмување на станови надвор основните за сопствениците, инвестициони и други имоти ќе биде забрането.

Општинскиот совет во Ванкувер – најскапиот пазар на недвижности во Канада, ќе гласа за мерките следната недела.

Локалната администрација се обидува да се ослободи што повеќе домови за долгорочно живеење, како веќе презеде мерки против странските сопственици кои купуваат имот во градот како инвестиција со цел зачувување на капиталот.

Според градоначалникот на Ванкувер во градот има минимум 5.000 активни огласи за краткорочни имот. Многу од нив ги нарушуваат условите за живеалиште да не се придава за помалку од 30 дена, освен ако сопственикот нема лиценца за хотелска дејност.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП