12 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИГи продава „лошите“ кредити и отпушта 5.500 лица

Ги продава „лошите“ кредити и отпушта 5.500 лица

Италијанската банка „Monte dei Paschi di Siena“ се изложи на петгодишен план за реструктуирање на работењето со кој е предвидено укинување на повеќе илјади работни места.

Планот предвидува и продажба на активата на банката, а тој е претставен откако Европската унија даде зелено светло за вбризгување на 5,4 милијарди евра државна помош во таа банка.

Италијанската банка планира укинување на 5.500 работни места, затворање на 600 филијали и продажба на 28,6 милијарди евра „лоши“ кредити до 2021 година, се наведува во соопштението на банката со седиште во Сиена, пренесува Блумберг.

После повеќемесечните преговори, Европската комисија ја одобри тн. докапитализација со мерки на претпазливост кон тој кредитор, на кој му е потребна државна помош за да опстане.

Банката „Monte dei Paschi di Siena“ претходно се обрати до Владата во Рим за помош, откако не успеа да собере средства од инвеститорите во декември.

ЕК се согласи на вбризгување на италијанска државна помош од 5,4 милијарди евра, откако акционерите и кредиторите дадоа придонес од 4,3 милијарди евра спасувачки пакет, што беше побарано од Европската унија со цел да се намалат трошоците за даночните обврзници за спасувачкиот пакет помош.

Во замена за државната помош, банката „Monte dei Paschi di Siena“ се согласи на реструктуирање кое подразбира чекори за унапредување на ефикасноста и управување со ризиците.

Околу 26 милијарди евра ненаплатливи кредити ќе бидат продадени до првата половина од 2018 година преку секуритизација, соопшти банката.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП