4 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЕУ ја убеди Јапонија, се отвора нов пазар

ЕУ ја убеди Јапонија, се отвора нов пазар

ЕУ и Јапонија постигнаа политички договор за слободна трговија, вели европската комесарка за трговија Сесилија Малмстром.

Европските и јапонските претставници работеа забрзано на постигнувањето на трговски договор со цел да биде објавен денес, кога јапонскиот премиер Шинзо Абе ќе разговара со лидерите на ЕУ, но на согласноста патот и го попречија кашкавалот и автомобилите како главни спорни точки.

Европските извори изјавија дека ЕУ и Јапонија постигнале начелен договор за слободната трговија. Со компромисно решение би требало значително да бидат намалени царините во Јапонија за европскиот кашкавал во наредните 15 години, како и да бидат намалени тарифите на ЕУ за јапонските возила во наредните седум години, изјави еден претставник.

Споед изворите, Јапонија исто така се согласи да го отвори својот пазар за јавни набавки за странските компании, со најважната точка дека ќе ја укине клаузулата за оперативната безбедност со која европските производители на возови биле исклучени од јапонскиот пазар.

Малмстром на Твитер наведе дека е постигнат „политички договор“ и дека она и Кишида им препорачуваат на лидерите да го потврдат тој договр на состанокот во пресрет на самиот Г20 на индустриски развиените земји и земјите во развој.

Европската комисија е оптимистична дека целиот договор ќе биде заклучен до крајот на годината или во јануари 2018 година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП