17 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАРусија се повлекува: Нафташи, жал ни е

Русија се повлекува: Нафташи, жал ни е

Од Русија пристигнуваат предупредувања дека таа земја се противи на понатамошното намалување на производството на нафта, пренесуваат медиумите.

Русија не сака да се менува сегашниот договор со ОПЕК затоа што понатамошното намалување на производството ќе испрати погрешна порака на пазарот, изјавија руските претставници, пренесува Блумберг.

„Понатамошното намалување на производството би сугерирало дека ОПЕК, Русија и другите земји се нервозни околу ефикасноста на својот договор“, изјави рускиот претставник чие име Блумберг не го открива.

По оваа изјава, цените на суровата нафта нагло паднаа, и до 3,9 проценти на Њујоршката берза после осум последователни дена раст.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП