26 јуни, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈА„Турски поток“ преку Бугарија и Србија до Унгарија

„Турски поток“ преку Бугарија и Србија до Унгарија

Будимпешта и „Гаспром“ го потпишаа договорот за продолжување на гасоводот „Турски поток“ преку териториите на Бугарија и Србија до Унгарија.

Унгарскиот министер за надворешни работи Петер Сијатро рекол дека одобрената траса е подобро решение од трасата која требало да оди преку Романија и Хрватска, пренесе „Спутњик“. Во овој момент се планира Унгарија да се приклучи на гасоводот до крајот на 2019 година.

„Очекувањата се дека новиот гасовод за транспорт на природен гас до Унгарија да биде завршен до крајот на 2019 година“, рекол Сијатро, дополнувајќи дека Бугарија и Србија веќе ги потпишале договорите кои се потребни за отпочнување на градежните работи.

Според неговите зборови, гасоводот ќе може да транспортира до осум милиони метри кубни гас преку овие земји.

Сијатро, во телефонска изјава за унгарската агенција МТИ од Москва, откако со директорот на „Гаспром“ Алексеј Милер го потпишал договор, рекол дека најреална шанса Унгарија да се приклучи на гасоводот е да соработува со руската државна компанија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП