10 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЛокалната самоуправа ќе ги зајакнува капацитетите со проект финансиран од ЕУ

Локалната самоуправа ќе ги зајакнува капацитетите со проект финансиран од ЕУ

Министерството ќе се посвети на процесот на децентрализација на власта со цел да се овозможи оддржливо функционирање на општините, поефикасна испорака на поквалитетни услови и избалансиран развој.

Ова денеска го изјави Министерот за локална самоуправа, Сухејл Фазлиу, на средба со шефот на Делегацијата на Европската Унија во Република Македонија, амбасадорот, Самуел Жбогар.

„Нашата заложба за едно општество за сите ќе ја реализираме преку создавање на услови за подеднаков пристап до јавните услуги за сите граѓани и развој на локалната демократија, согласно европските пракси“, рече министерот Фазлиу.

Амбасадорот Жбогар истакна дека очекувањата на Европската Унија се големи во однос на остварувањето на реформите, вклучително и во сферата на локалната самоуправа.

Жбогар ја истакна поддршката од страна на Европската Унија и преку новиот проект во вредност од 2,2 милиони евра кој што ќе значи директна помош во зајакнувањето на капацитетите на Министерството и на општините.

Тој ја истакна потребата од поголема поддршка на помалите општини кои што се соочуваат со проблеми во остварувањето на своите надлежности, како и во реализацијата на проектите финансирани од Европската Унија.

Во тој контекст, на состанокот се разговараше и за создавање на услови за поефикасно искористување на средствата од ИПА Програмата на ЕУ за прекугранична соработка, во координација на Министерството за локална самоуправа, а во соработка со другите надлежни институции и со Делегацијата на Европската Унија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП