29 април, 2025
ПочетнаЕКОНОМИЈАСекторот на услуги во Велика Британија расте со побавно темпо

Секторот на услуги во Велика Британија расте со побавно темпо

Британскиот сектор на услугите се проширува во јуни со најбавно темпо од пред четири месеци, обезбедувајќи уште еден доказ дека економијата слабее со започнувањето на преговорите за „Brexit“, соопштува „Bloomberg“.

Индексот на менаџерите на договорите (PMI) се намалува од 53,8 поени во мај до 53,4 поени во јуни, покажуваат податоците на приватната компанија „Markit“. Економистите анкетирани од „Bloomberg“, очекуваа вредност од 53,5 поени. 50-те поени се клучната граница, која дели контракција од експанзија.

Претходно оваа недела излегоа студии во секторите на индустријата и градежништвото, кои исто така покажаа забавување на бизнис активноста.

Трите одделни студии покажуваат дека економскиот раст во Велика Британија ќе биде 0,4% во вториот квартал, што е двојно повеќе од првите три месеци, но сепак инерцијата слабее, коментира главниот економист на „Markit“, Крис Вилијамсон.

„Ризиците се дека економијата ќе се забави во третиот квартал“, додава тој. „Целокупната слика покажува дека трошоците на бизнисот, инвестициите и извозот не успеваат да обезбедат доволен импулс кој целосно да го компензира забавувањето при потрошувачката“, вели уште Вилијамсон.

Според извештајот увереноста во услужниот сектор значително се намалува во јуни во однос на мај, а нарачките растат со најбавната стапка од 9 месеци. Од друга страна, отворањето на работни места во услугите се спроведува со најбрз стапка од 14 месеци, а некои компании велат дека е тешко да се најде соодветен кадар.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП