
Во некои земји се уште немаат 4G мобилна мрежа, а „Samsung“ веќе најави дека на корисниците до 2020-та година ќе им овозможи да бидат поврзани со ултрабрзата 5G. Од јужнокорејската компанија порачуваат дека оваа мрежа ќе има брзина од неколку десетици „Gbps“ по базна станица и дека ќе биде стотина пати побрза дури и од „4G LTE“ технологијата која се уште не е во употреба. Според проценките од „Samsung“ со таква брзина на пример ќе се овозможи симнување на филм за помалку од една секунда.

