19 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАММФ: Драматичен напредок на Србија

ММФ: Драматичен напредок на Србија

Шефот на мисијата на ММФ, Џејмс Руф, оцени дека Владата на Србија и Народната банка на Србија постигнале „драматично подобрување“ на економската ситуација во земјата.

Руф изјави дека ММФ за годинава предвидува економски раст од 3 отсто и проекција на дефицитот на 1,1 отсто, што е најниско ниво од 2005 година.

Руф изјави и дека јавниот долг паѓа побрзо од очекуваното. Сепак, тој додаде дека српската економија и натаму е „сериозно ранлива“, дека има структурни слабости и додаде дека ММФ ги охрабрува српските власти да продолжат со реформите.

Руф изјави дека економијата на Србија е оптоварена со преголем и неефикасен јавен сектор.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП