Цените на нафтата се зацврстија во вторник над нивото од 49 американски долари (УСД) во мирно тргување на меѓународните пазари, поттикнати од знаците за подзапирање на американското производство.
На лондонскиот пазар цената на барелот беше речиси непроменета во однос на претходното затворање и изнесуваше 49,53 УСД.
Американскиот пазар беше затворен поради празниците, а во електронското тргување барелот се продаваше по цена од 46,87 УСД.
Одвоено, ОПЕК објави дека цената на барелот на референтната кошничка на неговата нафта во понеделник изнесувала 46,89 УСД, што значи дека пораснала 1,26 долари во однос на претходниот работен ден.