10 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСе асфалтира дел од новиот булевар „Христијан Тодровски Карпош“

Се асфалтира дел од новиот булевар „Христијан Тодровски Карпош“

Почна асфалтирањето на една делница на новиот дел од булеварот „Христијан Тодровски Карпош“, што се гради на потегот од крстосницата со булеварот „Босна и Херцеговина“ до крстосницата со улицата „Натанаил Кучевишки“ во должина од 1.000 метри.

„Ова е првиот новопроектиран булевар којшто се реализира на територијата на Скопје по подолг период, додека преостанатите беа проширување на постојните улици. Новиот булевар ќе биде со вкупна ширина од 40 метри, ќе има шест сообраќајни ленти од по 3,5 метри, а ќе има и велосипедски патеки од двете страни на булеварот со ширина од 2,5 метри. По должината на булеварот ќе има пешачки патеки од двете страни со променлива ширина, како и средишно зеленило. На новиот булевар ќе биде поставено и ново улично осветлување, односно ќе се постават 76 столба во висина од 10 метри, а ќе биде поставена и нова хоризонтална и вертикална сигнализација“, рече скопскиот градоначалник Коце Трајановски.

На новиот дел од булеварот „Христијан Тодоровски Карпош“ ќе биде поставена нова водоводна мрежа, ќе се изгради нова атмоферска канализација со профил од Ф 600, а ќе се изгради и нова фекална канализација.

За овој капитален проект, Градот Скопје од буџетот издвојува 160 милиони денари, а изведувач на градежните работи е компанијата „Пелагонија-Гостивар“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП