23 јуни, 2024
ПочетнаКАРИЕРАДали сте меѓу проблематичните работници

Дали сте меѓу проблематичните работници

Успехот на работа не зависи само од вашите работни способности. Голема улога имаат и односите со колегите и особено фактот како ве доживува вашиот шеф.

Можете да бидете брилијантни во обавувањето на работните задачи, но доколку никој не сака да работи со вас, вашиот професионален живот ќе биде се потежок и потежок.

Погледенете ги овие знаци и доколку се препознаете во нив, време е за пресврт, на подобро:

1. Гледате на раководителите како на противници. Сметате ли дека оние кои се добри со шефовите се улизици, а на односот работник-работодавец гледате како на „ние против нив“. Никој не сака да работи со некој кој го смета за противник, а уште помалку да го плаќа.

2. Често одбивате да завршите некоја работа, сметајќи дека таа не е во описот за вашето работно место. Постојат ситуации кога можете да кажете дека не сте најдобрата личност за некоја работа, особено ако сте преплавени со обврски за кои вашиот шеф е согласен дека имаат приоритет. Но, ако редовно ги одбивате задачите, сите ќе ве доживуваат како тежок соработник.

3. Предлозите на шефот ги сметате за „сугестии“. Понегогаш тие навистина се тоа, но многу често шефовите очекуваат и да го направите тоа што ви го кажале. Доколку пречесто ги игнорирате, ќе започне испрашувањето кое нема да биде пријатно.

4. Тешко ви е да го пронајдете стариот шеф кој би ви дал препорака. Ако вашиот поранешен шеф не ви се јавува на телефон, веројатно има причина за тоа.

5. Барате причини како нешто да не обавите. Ако вашата омилена изрека е „нема шанси ова да се направи“, тоа ќе биде многу фрустрирачки за луѓето со кои работите. Не го убивајте ентузијазмот на другите околу себе.

6. Постојано сте негативни. Повремените фрустрации се нормални, но ако секој ден се жалите од работата и компанијата во која работите, подобро започнете со некои нови деловни предизвици.

7. Ниту еден шеф не ви е драг. Многу причини за тоа. Неможноста да бидете задоволни на работа, нереалните очекувања, проблеми со авторитетот…

Соочете со овие проблеми и обидете се да ги решите на најдобар начин!

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП