Владата на Република Македонија донесе одлука за ослободување од обврска за користење на интегриран автоматски систем за управување на вршителите на авто-такси превоз на патници до 31-ви декември.
Со оваа одлука се ослободуваат вршителите на авто-такси превоз на патници од обврската за користење на интегриран автоматски систем за управување.
Ова значи дека за сите авто-такси превозници се продолжува рокот за воведување и регистрација на фискални апарати со вграден ГПРС уред дo 31 декември 2017 година.