2 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЦелосно рекоструирано ЦОУ „Круме Кепески” во Кисела Вода

Целосно рекоструирано ЦОУ „Круме Кепески” во Кисела Вода

Целосно е обновено ЦОУ „Круме Кепески” во Кисела Вода, така што 80 нови првачиња оваа есен ќе почнат со настава во реновирани простории.

Како што информира локалната власт, најпрво беше спроведена детална енергетска контрола. Беше утврдено дека објектот, кој е изграден во 1962 година, е во навистина незавидна состојба. Кровот имаше поприлично оштетени азбестни плочи, па честопати се случуваше при поројни дождови да прокиснува, па внатре во самиот објект, посебно во зимските услови да се чувствува влага.

Општина Кисела Вода инвестираше во изработка на проект за енергетска обнова, по што во ЦОУ „Круме Кепески” беше извршена замена на постојните со нови прозорци, изведба на нова фасадна топлинска изолација, замена на постојниот кровен покрив и топлинска изолација на кровната плоча. Инвестициите во подобрување на условите за учениците продолжија со реконструкција на санитарните јазли во училишниот објект. Беше поставена нова санитарија, плочки, врати, нова водоводна инсталација и одводни цевки, како и штедливи лед арматури за осветлување.

Во учебната 2016-2017 година, во ова училиште настава посетуваа 762 ученици.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП