23 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЕП го поддржа планот големите корпорации јавно да ги објавуваат даночните информации

ЕП го поддржа планот големите корпорации јавно да ги објавуваат даночните информации

Големите корпорации да ги откриваат даночните информации во секоја земја во која работат и да ги презентираат јавно податоци за големината на даноците кои ги плаќаат. Таков предлог поддржаа претставниците на Европскиот парламент, соопштуваат од прес-службата на ЕП.

Мултинационалните компании ќе треба да ги земат во предвид нивните даноци во секоја држава во која работат, иако се можни исклучоци во случаи на чувствителни комерцијални информации.

Целта за поддршката на предлогот е да се зголеми транспарентноста на оданочување и да се обезбеди на општеството јавно достапна информација колку и каде плаќаат даноци мултинационалните компании.

Според предложените мерки информациите за оданочување на мултинационалните компании со годишен обрт од над 750 милиони евра ќе биде објавен во општ образец во секоја даночна јурисдикција во која оперира компанијата или нејзината подружница.

Компаниите исто така се обврзуваат да увезуваат декларација и во јавен регистар, управуван од ЕК.

Европратениците ги поддржаа и мерките за заштита на компании во случаи на чувствителни комерцијални информации. Тие предвидуваат земјите членки да можат да овластат еден или повеќе елементи од информации и привремено да бидат пропуштени во декларацијата. Исклучок ќе биде во обновувањето секоја година и ќе се применуваат само во даночната јурисдикција на државата членка која обезбедува ослободување.

Откако некоја земја членка обезбеди исклучок, таа мора да ја информира доверливо Европската комисија за избегнатите информации, како и детално објаснување на исклучокот. Комисијата ќе го објави на сајт и секоја година листа со фирмите кои добиле исклучоци и кратки објаснувања на причините.

Парламентот, исто така поддржи измени кои поставуваат ограничувања на исклучоците за обезбедување на даночни информации од страна на компании. Една од измените компании се обврзува доколку го изгуби правото на исклучок, веднаш да ги направат јавно достапни информации. Фирмите исто така ќе треба да аплицираат секоја година за обновување на исклучоците.

Откако Парламентот го одобри проектот на извештајот, тој ќе биде вратен во комисиите, за да започнат преговорите во рамките на договорот на прво читање врз основа на добиен мандат во пленарна сала.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП