9 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАФранцузите го намалуваат данокот, се доближуваат до европскиот просек

Французите го намалуваат данокот, се доближуваат до европскиот просек

Францускиот парламент со големо мнозинство ја поддржа економската програма на владата со 370 гласови „за“, додека 67 од нив биле против, а 129 воздржани од вкупно 577 пратеници.

За програмата се гласаше откако премиерот Едуар Филип ја изнесе пред парламентот владината програма која предвидува намалување на корпоративните даноци и покренување на „големиот инвестициски план“ вреден 50 милијарди евра во областите кои ја вклучуваат животната средина, здравството, земјоделството и сообраќајот.

Француската влада до 2022 година постепено ќе го намалува корпоративниот данок од сегашните 33,3 проценти на 25 проценти, изјави Филип.

Потребно е компаниите да сакаат да се основаат и да се развиваат на нашите простори, а не на некои други“, изјави Филип во обраќањето пред пратениците во парламентот, известува агенцијата Франс прес.

Тој додаде дека со тоа намалување на даноците Франција ќе биде „ускладена со европскиот просек“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП