27 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАГигантите од САД стравуваат: Не сакаме нови санкции против Русија

Гигантите од САД стравуваат: Не сакаме нови санкции против Русија

Американските нафтени компании „ExxonMobil“ и „Chevron“ се бунат поради Нацрт законот за заострувањето на санкциите против Русија.

Овие корпорации сметаат дека таквиот чекор ќе доведе до запирање на проектот во врска со нафтата и гасот, во кои учествуваат руските компании, наведува Волстрит Журнал.

Компаниите се незадоволни со низата точки во Нацрт законот, со кој се предвидуваат нови санкции против Русија и Иран, а кој Конгресот ги одобри на 15 јуни.

Особено им пречи забраната за работење со руските граѓани и компании кои се најдоа под санкциите.

Водечките американски нафтени компании сметаат дека таквите ограничувања би можеле да влијаат на проектите на „ExxonMobil“ во американската држава Њу Мексико и канадската држава Аберта, каде „Rosneft“ има свој удел.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП