21 април, 2025
ПочетнаЕКОНОМИЈАПосебни советници ќе бидат вработени во Владата

Посебни советници ќе бидат вработени во Владата

Владата објави оглас за вработување на 13 посебни советници за различни позиции.

Генералниот секретаријат на Владата, огласот го објавува за пополнување на посебни рабатни места во Кабинетот на заменикот на претседателот на Владата за економски прашања и за координација со економските ресори, Кабинетот на генералниот секретар на Владата и Кабинетите на министрите без ресор, заради извршување на работни задачи на посебни советници, на определено време, до истекот на мандатот на функционерите во чиј кабинет се вработуваат.

Нето-платата за овие посебни советници е 36. 873 денари.

Во огласот се бара посебен советник за анализа и следење на деловното окружување во Кабинетот на заменикот на претседателот на Владата за економски прашања и координација со економските ресори, потоа посебен советник за правни прашања во Кабинетотна генералниот секретар на Владата,  посебен советник за следење на странските инвестиции во Кабинетот на министерот без ресор, задолжен за странски инвестиции…

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП