6 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАДржавата вчера се задолжи 27 милиони евра

Државата вчера се задолжи 27 милиони евра

Државата вчера се задолжи 27 милиони евра, речиси 3 милиони евра повеќе од планираното. Министерството за финансии на вчерашната аукција на државни хартии од вредност издаде шестмесечни државни и 12 месечни записи и обврзница со рок на доспевање од 15 години.

По основ на досепани долгови, денес на кредиторите треба да им врати 7,8 милиони евра. Од Министерството соопштија дека задолжувањето на домашниот пазар се прави за да се обезбедат средства за покривање на дефицитот по најниска каматна стапка.

Претходно, министерот за финансии, Драган Тевдовски, изјави дека ќе го скрати бројот на задолжувања на два пати месечно, но дека владата ќе се насочи повеќе кон домашни задолжувања. За еврообврзницата се уште се прават анализи.

На ова реагираа од опозициската ВМРО-ДПМНЕ кои велат дека Владата се задолжува повеќе отколку што е потребно за раздолжување и јавно прашуваат на што ќе бидат потрошени останатите пари од денешното задолжување.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП