5 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЗа германските медиуми хрватските цени за туристите се „дрски“

За германските медиуми хрватските цени за туристите се „дрски“

Пред неколку дена, хрватскиот портал Index.hr ги повика туристите да ги бојкотираат новите цени за патарините кои, како што е наведено во написот, ги “полнат џебовите на крадците.”

Репортажата на порталот за алтернативните правци за бесплатно патување ја објавија речиси сите европски медиуми, по што уследија и текстови за високите цени во Хрватска наменети исклучиво за странските туристи, што е грубо посветено исклучиво на туристи, и кои може да и наштетат на туристичката сезона во оваа земја.

Така, германски “Фокус” напиша дека цените на патарините се зголемени на вкупно 1.159 патни правци во Хрватска, при што некои дури и до 50 насто, и дека тие ќе важат до септември, практично до крајот на туристичката сезона. Австриски ” Ди Пресе” оцени дека „новата хрватска патарина е толку сурово висока што чини колку целогодишната вињета во некои европски земји.”

И тоа е навистина точно и може да се докаже со едноставно споредување на цените. По поскапувањето кое стапи на сила на први јули, патарината на делницата од Загреб до Сплит сега чини 27 евра, од Загреб до Риека 10 евра, додека од Загреб до Осиек 18 евра. За споредба, во Романија годишната вињета е 28 евра, 37,42 евра во Швајцарија, а во Бугарија и во Словачка е 50 евра. Во Чешка годишната вињета е 55,51 евра, додека во Австрија 86,40 евра.

Драстичното зголемување на цените на патарината е дел од бизнис и финансиското преструктуирање на патниот сектор, чиј вкупен долг надминува 5,2 милијарди евра. Сепак, без оглед на причината за зголемувањето, фактот дека патарините се толку повисоки во споредба со другите европски земји лесно може да ги одврати туристите од Хрватска, така што не само што нема да се слеат пари за патарината туку штета ќе претрпи и угостителството. Но, се чини дека локалните угостители сметаат на ова и веќе подготвиле план „Б“ – специфични, до 100 проценти поскапи цени за туристите. И ова е тема со која се занимава германското радио Дојче Веле (DW).

Во една статија под наслов “Како да не се банкротира во Дубровник?” Дојче веле вели дека во овој град, кој минатата година го посетиле над еден милион луѓе, цените се разликуваат во зависност од тоа дали сте локален жител или странски турист. Цена еспресо е помеѓу 25 и 45 куни или 4 до 5,5 евра. Две кафиња и сок чинат колку добар ручек во Белград, иако ни за Дубровчаните оваа цена не е поволна. И тоа не е случај само со кафето. Пица, на пример, чини 80 куни, а килограм риба 800 куни. Просечната плата во Хрватска е 747 евра.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП