3 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАOдложена имплементацијата на Кембриџ програмата во средните училишта

Oдложена имплементацијата на Кембриџ програмата во средните училишта

Владата на денешната седница одлучи да биде одложена имплементацијата на Кембриџ програмата во средните училишта.

„Задолжено е Министерството за образование и наука да го одложи започнувањето на имплементација на новите наставни планови и програми по наставните предмети математика, физика, хемија и биологија за прва година на гимназиско образование, за прва година на средно стручно четиригодишно образование и за средното стручно тригодишно образование во сите средни училишта“, соопшти Владата.

Не станува збор за целосно отфрлање на идејата за воведување на Кембриџ програмата во средното образование. Ова значи дека проектот ќе биде одложен, а во меѓувреме ќе бидат направени анализи за неговата потреба.

Новата Влада претходно го укина екстерното тестирање и дисперзираните студии.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП