17 јуни, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЦаровска разговараше за можноста за законски поголем опфат на стечајци

Царовска разговараше за можноста за законски поголем опфат на стечајци

Министерката за труд и социјална политика Мила Царовска во Куманово одржа средба со стечајните работници на која се дискутираше за решенијата кои ќе бидат опфатени со предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за стечајци.

Во оваа пригода се разговараше за можностите за што поголем опфат во законската регулатива на оваа група граѓани. Притоа, остануваат основните позиции кои беа договорени на претходната средба со нивните претставници: 15 години стаж, 52 години возраст за жени, а 55 за мажи.

Единствено се јавува проблем кај опфатот на тие лица, коишто во одреден период од својот живот имале работа во приватни компании. Треба да се утврди дали и колкав период од стажот поминат кај приватни фирми би бил вклучен во овој закон. Министерката Царовска изјави дека заедно со Министерството за финансии ќе направат проценки, ќе се информира Владата и ќе се донесе конечен став за ова прашање.

На средбата присуствуваше и Бранимир Јовановиќ од Министерството за финансии, кој ги информираше присутните дека во ребалансот на буџетот се предвидува да почне исплата на средства за оваа категорија на лица во текот на 2017 година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП