9 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАКрај на производството на дрога, главен услов за Албанија од ЕУ

Крај на производството на дрога, главен услов за Албанија од ЕУ

Директорот на албанската полиција, Хаки Чако, изјави дека клучен приоритет на полицијата по парламантарните избори што се одржаа на 25 јуни е пресметката со производителите на дрогата. Чако за албанската телевизија Топ Чанел рече дека оваа активност мора дефинитивно да заврши.

„Имаме проблеми, како со производителите така и со шверцерите на дрогата од типот марихуана“, нагласи тој.

Меѓународниот фактор врши отворен притисок врз официјална Тирана да се пресмета со производителите на дрога бидејќи земјата е главен производител на марихуана во Европа. Повеќепати претставници на ЕУ, ОБСЕ како и на САД бараа власта во Албанија да се пресмета конечно со производителите на дрогата, а ова стана и еден од главните услови за интеграција на Албанија во ЕУ.

Според албанските медиуми, само во последните три месеци во Албанија, Италија и Грција се запленети повеќе од 20 тони албанска дрога.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП