Трошоците за изградба на новата нуклеарна централа „Хинкли Поинт“ во Велика Британија ќе бидат поголеми за 1,5 милијарди фунти, односно 1,71 милијарда евра од очекуваните, соопшти француската енергетска компанија ЕДФ, која раководи со тој проект.
„Конечните трошоци на проектот сега се проценети на 19,5 милијарди фунти, што е 1,5 милијарди фунти повеќе од првично проектираните“, пишува во соопштението на ЕДФ, кој е дел од француско-кинескиот конзорциум кому минатата година му беше одобрена изградбата на два нуклеарни реактора, и покрај противењето на еколошките групи.
Компанијата ЕДФ, исто така, предупреди на можноста од петнаесетмесечно доцнење со изградбата на првиот реактор и на деветмесечно доцнење со изградбата на вториот реактор.