2 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИSharp ќе отпушта 5000 работници

Sharp ќе отпушта 5000 работници

sharppp

Компанијата „Sharp“ во склоп со планот за реструктуирање ќе започне со отпуштање на работници. Во рок од три години се очекува бројот на вработени да биде намален за 5000, а во моментов на платниот список на компанијата се наоѓаат 51.000 работници.

Исто така мерките за реструктуирање се однесуваат и на управата, ќе  биде преполовен бројот на директори на шест луѓе, а ќе биде намален и бројот на потпретседатели и платените советници. Освен во Јапонија откази се очекуваат и во Кина и Малезија.

Фокусот на производството ќе биде префрлен на екраните на мобилните уреди, а исто така најавени се вложувања во развојот и производството на големите екрани со „UHD“ резолуција кои ќе имаат дијагонала поголема од 70 инчи.

Се очекува „Sharp“ својот тригодишен план за реструктуирање јавно да го објави за една недела.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП