Цените на нафтата во понеделник на меѓународните пазари надминаа 49 американски долари (УСД), охрабрени од податокот за намалено производство во САД.
Поголем раст на пазарот немаше поради проценката на аналитичарите за зголемување на производството на Организацијата на земји извознички на нафта (ОПЕК).
На лондонскиот пазар цената на барелот остана речиси непроменета во однос на претходното затворање и изнесуваше 49,03 УСД.
Позначителни промени во цената немаше ниту во Њујорк, каде што барелот се тргуваше по цена од 46,32 УСД.
Одвоено, ОПЕК објави дека цената на барелот на референтната кошничка од неговата нафта во петок изнесувала 45,63 УСД, што значи дека остана речиси непроменета во однос на четврток.