
Американскиот производител на автомобили Крајслер повлекува 470.000 возила во целиот свет поради проблеми со преносот.


Американскиот производител на автомобили Крајслер повлекува 470.000 возила во целиот свет поради проблеми со преносот.
Повлекувањето се однесува на автомобилите од моделот „Гранд Чироки“ кои се произведени меѓу 2005-та и 2010-та година, како и „Командер“ од 2006-та до 2010-та година.
Од Американскиот регулатор за безбедност на движењето соопштија дека станува збор за дефект кај плочата за пренос кај автоматските менувачи, поточно доколку се префрли во нулта брзина, возилото и натаму се движи.
Автомобилскиот гигант соопшти дека поради овој проблем веќе се случиле 26 несреќи во кои имало и двајца повредени, па поради тоа сакаат да го остранат овој дефект. Инаку возила ќе бидат повлекувани на територијата на САД и Канада.