4 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАГенерациски микс во „Дотерај го Скопје“

Генерациски микс во „Дотерај го Скопје“

Сè поголем број граѓани од различни генерации и профили се вклучуваат во проектот „Дотерај го Скопје”.

Проектот веќе 30 дена се спроведува во сите скопски општини и е одлично прифатен од жителите.

Хит на неделата е, секако, Сузана Зафирoва, 64-годишна пензионирана професорка и ликовен уметник, која со својата енергија, здраво размислување и активизам им пркоси на очекувањата за својата возраст. Изминатиов викенд и таа се приклучи кон кампањата и стана урбан херој на Скопје.

Марија Џиџева е филмска режисерка и лице со високо ниво на свест за животна средина. Изминатиот викенд им даде пример за своите соседи во општина Карпош за тоа како се чисти од ѓубре јавниот простор и колку е лесно еден запуштен простор да се зазелени.

Бојан Трајков, студент на Економски факултет во Скопје, е вклучен во активностите на „Дотерај го Скопје“ од самиот почеток. Тој е свесен дека со малку труд, сите можат да имаат поубави и позелени јавни простори во градот.

Полека но сигурно „Дотерај го Скопје“ се наметнува како заедничкиот именител за сите генерации и профили на граѓани кои сакаат да го разубават градот во кој живеат и работат. Активностите на „Дотерај го Скопје“ ќе продолжат и во месеците јули и август, а ќе бидат заокружени со фестивалот „Дотерај го Скопје“, кој ќе се одржи во „Јавна соба“ во период од 1 до 3 септември, 2017.

„Дотерај го Скопје“ се спроведува од страна на „Јавна соба“, во рамки на камањата „Мрдни со прст”.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП