12 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИJP Morgan обвинетa за незаконска наплата

JP Morgan обвинетa за незаконска наплата

jpmorganchase1

Властите од Калифорнија ја обвинија банката „JP Morgan Chase“ за мноштвото сомнителни побарувања со кои банката врши наплата на долговите од кредитните картички.

Државниот обвинител Камала Харис, поднесе тужба во Врховниот суд, во која „JP Morgan“, најголемата американска банка ја обвинува за кршење на правата на потрошувачите при наплатата на долговите од кредитните картички кон десетици илјади клиенти на оваа банка во Калифорнија.

Во периодот од три години, од јануари 2008 година до април 2011 година, „JP Morgan“ поднесувала илјадници тужби секој месец за да ги наплати долговите кои клиентите ги имале на кредитните картички. Во само еден ден, како што покажува судскиот регистар, „JP Morgan“ има поднесено 469 тужби.

Како што наведува обвинителството, „JP Morgan“ при поднесување на тужбите, користела непроверени документи, што е незаконска практика.

Ваквиот начин на поднесување на тужби е незаконски во Калифорнија, обвинителството додава дека „JP Morgan“ е одговорна за систематско користење на незаконски мерки со што ги преплавила калифорниските судови со тужби против клиентите“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП