11 октомври, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАВо ЕК се уверени дека ќе добијат мандат за преговори за „Северен...

Во ЕК се уверени дека ќе добијат мандат за преговори за „Северен поток 2“

Европската комисија (ЕК) ќе добие мандат за преговори на проектот за проширување на гасоводот „Северен поток“, но што точно ќе покрива овој мандат и во каков формат ќе се водат разговорите со Русија се уште се разгледува од земјите во заедницата.

Овој коментар го даде портпаролот на Комисијата Ана-Каиса Итконен за време на пладневниот брифинг во Брисел. Таа прецизираше уште дека детали од типот дали евентуалниот договор меѓу ЕК и Русија за проектот ќе треба да биде ратификуван од сите земји во заедницата ќе бидат внесени во самиот мандат.

„Во моментов уште го немаме мандат, но сум уверена дека ќе го добиеме и ќе можеме да водиме преговори. Но како ќе изгледа тој и што ќе опфаќа е тема на која земјите од ЕУ треба да разговараат меѓусебно“, категорична беше Итконен.

Министрите за енергетика на ЕУ минатата недела не дадоа мандат за почеток на преговорите за „Северен поток 2“ со Русија. Очекувањата се гласање да има во октомври, а според коментарите денеска во Брисел ќе се бара двотретинско мнозинство за да биде задолжена ЕК со оваа задача.

Комесарот за прашањата на Енергетската унија, Марони Шефчович, кој учествуваше на состанокот на министрите за енергетика на 26-ти јуни, објасни дека веќе ја има поддршката на 13 држави, а ЕК да преговара во име на заедницата за изградбата на гасоводот.

Ана-Каиса Итконен прецизира уште дека целта на Комисијата е да се осигура дека „Северен поток 2“ ќе оперира во склад со европските правила и нема да дозволи дискриминаторски услови.

Таа одби да ги коментира барањата од страна на естонскиот претседателски мандат за ЕК да покрива не само „Северен поток 2“, но и сите нови гасни проекти на Русија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП