26 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЦената на златото опадна, побарувачката ограничена

Цената на златото опадна, побарувачката ограничена

Цената на златото опадна на најниското ниво за месец ипол дена, бидејќи зајакнувањето на доларот на европската берза ја ограничи побарувачката за овој благороден метал.

Цената на златото се лизна на најниското ниво од 16-ти мај, откако доларот зајакна во однос на сите водечки светски валути, а европските акции регистрираа раст за прв пат во последните пет дена.

На примарниот пазар за тргување со метали „Comex“, цената на златото за августовската испорака падна за дури 0,8 проценти на 1.231,90 долари за унца, а со златото во Њујорк се тргува по цена од 1.232,20 долари.

„Златото во моментот изгледа ранливо. Поголемите приноси и пазарните играчи кои претставуваат сериозен пресврт во тонот на клучните централни банки на светот, негативно влијаат на златото“, вели аналитичарот на UBS Group, Џони Тевес.

Истовремено, цената на среброто за испорака во септември опадна за 1,3 проценти на 16,41 долари за унца, а платината за 0,9 проценти на 917,80 долари за унца.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП