4 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИUniCredit: Нето добивката повеќе од преполовена

UniCredit: Нето добивката повеќе од преполовена

unicredit1

„UniCredit“ во првиот квартал од 2013 година повторно работеше со добивка, по загубата во прeтходниот квартал, но нето добивката во споредба со првиот квартал од минатата година е двојно намалена, покажуваат официјалните податоци од банката.

Нето добивката во првиот квартал изнесувала 449 милиони евра, по 533 милиони евра загуба од претходните три месеци. Во првиот квартал од минатата година нето добивката изнесувала 914 милиони евра, се вели во соопштението од „UniCredit“.

Во првиот квартал одредбите за лоши кредити изнесувале 1,23 милијарди евра, со што тие биле помали за 73,3 проценти во споредба со последниот квартал од минатата година. Во минатата година тие изнесувале 9,61 милијарди евра.

Приходите на „UniCredit“ во првиот квартал изнесуваа речиси 6,1 милијарди евра, што е зголемување од 4,9 проценти во споредба со претходниот квартал. На годишно ниво е забележан пад на приходите од 14,5 проценти.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП