24 јуни, 2024
ПочетнаКОМПАНИИBayer ги намали очекувањата за 2017, акциите паднаа 4%

Bayer ги намали очекувањата за 2017, акциите паднаа 4%

Германскиот фармацевтски и хемиски конгломерат, „Bayer“, соопшти дека планира да ја намали прогнозата за овогодишниот профит, поради поголемите залихи во Бразил, слабиот учинкот на секторот за самостојно лекување кој нуди производи и лекови без рецепти (consumer health), како и неповолните курсни разлики.

Компанијата соопшти дека во Бразил забележала „неочекувано високо ниво на залихи на производите за третирање на житарки“, кои еднократно ќе ја намалат добивката за околу 300-400 милиони евра.

Исто така, секторот за самостојно лекување бележи послаби резултати отколку што првично се очекуваше, додека негативно влијание на профитабилноста ќе донесе и „неповолното движење на девизните курсеви“.

Bayer наведе дека фармацевтската дивизија и зависната компанија „Covestro“, кои ги одвои во 2015 година, бележат одличен учинок, додека единицата за производство на храна за животни регистрира работење во склад со очекувањата.

Акциите на „Bayer“ загубија на вредноста повеќе од 4 %, спуштајки се на 113,2 евра, додека на неделно ниво паднале за 7,1 проценти. Истовремено, „Bayer“ во петокот официјално побара од европскиот регулатор одобрување за преземање на Monsanto, кое би требало да биде одобрено до 7-ми август доколку нема потреба за подлабоко скенирање на планираната аквизиција.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП