4 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАГрчката индустрија се активира во јуни

Грчката индустрија се активира во јуни

Активноста во грчката индустрија се забрзува во јуни, покажуваат податоците на „Markit“, цитирани од грчката новинска агенција „Ana Mpa“. Индексот на менаџерите на договорите (PMI) достигна ниво од 50,5 поени во текот на минатиот месец, во однос на 49,6 во мај.

Вредност над 50 поени на индексот е индикатор за експанзија на секторот, а под тоа ниво – за контракција. За прв пат од август 2016-та година Грција предвиде проширување на индустријата, додава агенцијата.

Во основата на зголемувањето се повеќето нови нарачки, што доведува и до раст на заетоста во земјата, а компаниите остануваат оптимисти за зголемување на производството во наредните 12 месеци. Од „Markit“ објавија уште дека грчките производители ги зголемуваат работните места за втор месец, наведувајќи за основаното зголемување на побарувачката.

Одделно истражување пак покажува раст на бизнис довербата во земјата. Индексот, следен од Фондацијата за економски и индустриски истражувања (IOBE) достигна до ниво од 94 поени, наспроти 93,2 поени во мај и 90 поени во јуни 2016-та година.

Индустријата во нашиот јужен сосед има позитивни очекувања за повеќе нарачки и побарувања. Позитивни се ставовите и во услужниот сектор, но во градежништвото очекувањата за ангажирање на нови вработени се влошува. Трговците очекуваат подобра продажба во наредните месеци.

Директорот на Грчката централна банка Јанис Стурнарас сепак поднесе до парламентот извештај, според кој грчката економија ќе се прошири за 1,6 отсто во 2017-та година, пишува „ERT“.

Во исто време пратениците дискутираа со владата за договорот со кредиторите по вториот преглед на спасувачката програма за земјата. Сослушувањето беше побарано од „Неа Нова демократија“. Опозициските лидери побараа оставка на Владата, обвинувајќи го премиерот Алексис Ципрас дека не се справува со управувањето на економијата.

2Грција има потреба од политичка промена и нов начин на размислување“, коментира лидерот на „Неа Нова демократија“, Кириакос Мицотакис и додаде дека „власта е корумпирана“.

Изборите се единственото решение за Грција, сметаат и во „ПАСОК“. „Колку побрзо, толку подобро“, рече водачот на социјалистите Фофи Генимата. „Само силна влада со широка јавна поддршка и парламентарно мнозинство може да ја врати довербата во земјата и да ги направи потребните реформи“, објасни таа.

Премиерот Алексис Ципрас сепак е категоричен – грчката економија ги подобрува своите позиции. Последниот аранжман со доверители е позитивен за земјата и за прв пат има јасни обврски за грчкиот долг.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП