1 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАМеркел планира да ја спушти невработеноста под 3%

Меркел планира да ја спушти невработеноста под 3%

Канцеларката Ангела Меркел планира во Германија да ја намали стапката на невработеност под три проценти, што ионака силната економија ќе ја доведе до ниво на вработеност какво што не е видено во Европа уште од седумдесетите години, јавува Ројтерс.

Нејзината Демохристијанска унија заедно со Христијанската социјалистичка унија (CSU) ветија во економската програма во пресрет на септемвриските национални избор дека нема да ги зголемат даноците и дека ќе инвестираат уште повеќе.

Исто така, освен што имаат намера да ја „сотрат“ невработеноста, планираат и да го зголемат бројот на полицајци, да изградат нови станбени единици и да ја засилат поддршката за семејствата.

Меркел во септември ќе се бори за четвртиот мандат, откако пред само неколку недели победи на локалните избори зголемувајќи ја предноста во однос на конкурентите.

Германската канцеларка планира до 2025 година невработеноста која сега изнеусва 5,5 проценти, да ја сведе под нивото од три проценти.

„Уверени сме дека можеме да го направиме тоа“, изјави Меркел на конференцијата за новинари со лидерот на CSU Хорст Шихофер при презентација на програмата која ја нарекоа „Просперитет и сигурност за сите“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП