7 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЗелени бизниси за поддршка на маргинализирани лица и самохрани мајки

Зелени бизниси за поддршка на маргинализирани лица и самохрани мајки

Здружението за социјални иновации „АРНО“ ги прогласи трите најдобри зелени бизнис идеи на конкурсот „Филантропија преку зелени идеи 2017“.

Вкупно дванаест финалисти ги претставија своите зелени идеи пред жирито, од кои три беа избрани како победнички.

Тоа се софтверското решение за продажба и донирање непродадена храна од угостителските објекти – „Храна за сите“ (Јане Заевски), започнување на илузионистички бизнис за промоција на екологија и поддршка на маргинализирани лица – „Еко илузија“ (Кристиан Шопов), и производство на супстрати за органско производство на растенија и габи – „МаМаОргана“ (Наталија Бургиева).

Победниците продложуваат да се натпреваруваат на регионален натпревар, ко ќе се одржи од 26 до 29 јули во Црна Гора, каде што ќе се борат за парични награди од 10 000 долари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП